Познати годинашните добитници на државната награда „11 Октомври“

Од:

Ликовниот уметник Благоја Маневски, писателот и новинар Раим Ганији, пијанистката Елена Мисиркова пијанистка и актерот Атила Клинче се годинешни добитници на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста, соопшти Министерството за култура.

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на државната награда на неговата последна седница под претседавтелство на академик Митко Маџунков, а стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во „Службен весник на РМ“.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 Октомври 2016 година (вторник) во 12 часот во Собранието на Република Македонија.

Државната награда „11 Октомври“ претставува највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ