Повеќе од 70 издавачи на Саемот на книгата

Од:

Од 12 до 18 април книгите ќе бидат во фокусот на 28-от по ред Меѓународен манифестации чиј број на посетители се очекува годинава да биде поголем од 40 илјади.

За време на Саемот на книгата, од 14 до 16 април ќе се одржат уште две други саемски манифестации, Меѓународниот саем за туризам „Скопје Травел Маркет“ и „Денови на образование и кариера“.

– Во периодот од 12 до 18 април во Метрополис Aрена на изложбена површина од 3.000 м2, повеќе од 70 издавачи ќе се претстават на 28-от по ред Саем на книгата. Саемот ќе обезбеди најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста. Традиционално, како и минатите години и оваа година на Саемот на книгата, како една од најзначајните културни манифестации во земјата, на едно место ќе се претстават најголемите домашни издавачи, но и издавачи од регионот.

Читателите секојдневно ќе може да ги следат промоциите на најновите изданија и на нивните автори на голем број домашни и странски издавачки куќи во Промотивниот центар на Галеријата во Метрополис Арена.

Издавачите на своите штандови секојдневно ќе организираат промоции и дружења со автори. Во рамките на Саемот на книгата 2016, Скопски саем организира дополнителен настан, предавање на тема: „Како да се биде среќен во љубовта?“. Предавач е Бруно Шимлеша, социолог, писател и мотивациски говорник од Р. Хрватска, кој е добро познат на пошироката јавност во регионот и пошироко. Бруно Шимлеша е меѓу 10-те најчитани хрватски автори на книги од областа на популарната психологија или самопомош. Настанот ќе се одржи на 14 април (четврток) од 18.30 до 20.30 часот во Бизнис салата на Скопски саем, рече Сања Кондарко, оперативен директор во Скопски саем.

Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура, во својство на покровител на манифестацијата. Скопски саем го организира саемот во соработка со Здружението на издавачите и книжарите на Македонија — ЗИКМ, Македонската асоцијација на издавачи и Здружението на албанските издавачи од Македонија.

Kако и минатите години и оваа година на Саемот на книгата, на едно место ќе се претстават најголемите домашни издавачи, но и издавачи од регионот: Србија, Албанија, како и Шведска (Амбасадата на Шведска – промоција на детска литература како и презентација на „ Шведската литература за деца денес – трендови и примери со осврт кон АЛМА „Астрид Линдгрен Меморијална награда“ со гостување на Лена Карланд, професор на Универзитетот во Упсала, Шведска, претставник на АЛМА Фондацијата.

Свеченото отворање на саемот е во понеделник во 19 часот во Метрополис Арена. Работното време на Саемот на книгата е од 10 до 20 часот. Цената на влезниците за Саемот на книгата за посетители е 30 денари, а за организирани групни посети 20 денари.

6. Меѓународен саем за туризам „Скопје травел маркет 2016“ ќе се одржи во втората хала на Скопски саем. Со оглед дека тој се одржува во исто време со Меѓународниот саем на книгата и со Деновите на образование и кариера, според проценките на организаторите, се очекуваат околу 30.000 посетители. Цената на влезниците е 30 денари за посета на трите саемски манифестации.

Во истиот период, од 14 до 16 април во третата Хала на Скопски саем ќе се одржат Деновите на образование и кариера.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска