На претстојниот 27. Саем на книгата што ќе се одржува од 5 до 11 мај, ќе се претстават повеќе од 70 издавачи. Организаторите најавуваат новитети, промоции, дружења со автори и наслови кои публиката ги сака и бара. Предвидена е, како што соопштија, најголема понуда досега.
На манифестацијата, чиј број на посетители се движи околу 40.000, покрај најпознатите домашни, ќе учествуваат и издавачи од регионот (Косово, Албанија, Србија), како и од Европа (Шведска, Италија).