Потпишан договорот за реконструкција и адаптација на новиот простор на Џез оркестарот

Од:

Во Националната опера и балет денеска беше потпишан договорот за реконструкција и адаптација на просторот доделен на Националната установа Џез оркестар на Северна Македонија.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во своето обраќање рече дека со потпишувањето на овој договор се прави последниот чекор во подготовките за непречено да започнат градежните работи во Домот на НУ Џез оркестар.

-Откако оваа нова национална установа со одлука на Владата доби трајна адреса во рамките на овој објект, со одлука на Владата истo така беа обезбедени 10 милиони средства од ТАВ програмата за целосно реновирање на просторот во достоен Дом на џезот, рече министерката.

Директорот на Националната опера и балет Васко Ристов рече дека е изнајдено трајно решение за простор на Здружението на џез музичари.

-Станува збор за простор каде колегите музичари ќе имаат проби, креирање на уметност, жанр кој е многу важен за развитокот на музичката култура во Северна Македонија, рече Ристов.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Националниот џез оркестар со програмата „Џез лектира” ќе гостува во Велес

Националниот џез оркестар со програмата Џез лектира гостува во Велес

Битиќи: Ако не успее сега, владата на СДСМ по 9 мај ќе ги продолжи стратешките инвестиции во енергетиката

Ковачки: Постојат сериозни сомнежи за трговија со влијание на Битиќи и Муслиу, за нивните сопруги да добијат 620.000 евра грант, а ЈО молчи четири дена

За намалување на платите на функционерите требало консензус од сите засегнати вели Битиќи