Потпишан договор меѓу „Скопје Филм Студио” и „Public Media Group” – филмот „ХОМО“ ќе се прикажува во Америка

Од:

„Скопје Филм Студио”, продукциска куќа на долгометражниот филм „ХОМО“ во режија на Игор Иванов Изи, склучи договор со „Јавната медиумска групација на Јужна Калифорнија“ од САД, за дистрибуција на филмот на американскиот пазар.

Со овој договорот, Групацијата се здобива со лиценца за прикажување на филмот на повеќе канали и медиуми.

Поточно, македонскиот филм „ХОМО“ станува достапен за гледачите во САД, на сите нивни канали, преку директен сателитски пренос и преку интернет протокол за ТВ (IPTV).

Од продуциската куќа „Скопје Филм Студио“ соопштија дека овој чекор е голем успех но и показател за континуираната и посветена работа за третманот на продуцираните македонски филмови во форма на емитување и прикажување, не само на македонскиот, туку и на пазарите во Европа и пошироко.

– По серија учества на голем број реномирани филмски фестивали, „ХОМО“ својот филмски пат го продолжува на светскиот пазар и продолжува да е вистински амбасадор на македонската кинематографија, континуирано давајќи придонес и промовирајќи го македонскиот филм во меѓународни рамки, се наведува во соопштението на продуциската куќа.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ