Постхумно промовиран романот „Петра“ на Павлинка Ѓорѓијоска

Од:

Во фоајето на спомен-домот АСНОМ во Делчево синоќа постхумно беше промовиран романот „Петра“ на прерано починатата авторка Павлинка Ѓорѓијоска.

Промоцијата на романот беше во организација на библиотеката „Илинден”, а со поддршка на Општина Делчево.

Со многу одбрани дијалози од романот, во изведба на аматерите глумци од Делчево, „Петра“ се претстави со својот едноставен стил воден од писателот раскажувајќи ја судбината за девојката која пораснала во дом за сираци и чија судбина, авторката ја градеше сѐ до моментот, кога Петра се одлучи да го продолжи животот со брак со нејзиниот избраник Огнен, а пистателката го заврши ненадејно својот живот испишувајќи ги последните зборови во романот кажани од Петра, а гласат: „Си замина“.

Промотор на романот беше познатиот писател Милован Стефановски кој истакна дека иако овој роман го носи предзнакот за недовршен ракопис поради прераната смрт на авторката, сепак, тој ги издржува сите книжевно-естетски елементи на еден роман.

– Овој роман има навидум еден едноставен стил кој во секој случај изнудил своевидна енергија и опит да направи исчекор во дотогашното нејзино искуство во прозниот текст, рече Стефановски.

Нејзиниот сопруг познатиот афористичар Миле Ѓорѓијоски истакна дека промоцијата се одржува на еден симболичен датум, на денот на раѓањето на Павлинка, 10 март, кога таа требало да наполни 55 години.

– Задоволен сум од она што Павлинка го остави како пишано наследство со овој роман. Јас мислам дека ќе се задоволни и читателите и нејзините стари познаници, но и новите кои ќе ја запознаат преку ова дело, рече Ѓорѓијоски.

Тој најави промоција и на уште еден роман од Павлинка, кој, исто така, е оставен во ракопис.

– Романот „Алтан“ ќе го промовираме идната година на истиот ден на нејзиниот роденден. Со тоа да докажеме дека луѓето кои творат, оставаат нешто зад себе и никогаш не умираат, рече Ѓорѓијоски.

Инаку, писателката Павлинка Ѓорѓијоска почина минатата година на 54 -годишна возраст, а во роднокрајните автори на Делчево се запиша со првиот нејзин роман „Во тунелот“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска