Последен ден од Драмскиот аматерски фестивал во Кочани

Од:

Последниот ден од годинешниот Драмски аматерски фестивал на Македонија, кој завршува вечерва со проглсување на најдобрите претстави и поединци, настапија аматерски драмски групи од Кичево,Охрид и Битола.

Членовите на Аматерскиот театар при Центарот за култура од Кичево ја изведоа претставата „Големи и мали“ од Бошко Смаќоски во режија на Михајло Петревски, Драмската група „Аматер“ од Охрид се престави со текстот на Дејан Дуковски „Буре барут“ во режија на Јован Цветковски, додека Младинската сцена при Интимниот театар од Битола ја прикажа преставата „Дисфункција“ на текст од Ана Жежовска, а во режија на Димитар Шутевски.

Во рамките на придружните манифестации на 53. ДАФ во Кочани синоќа се одржа драмско-музички перформанс под наслов „Историска хронологија на Мите Грозданов“, во чест на плодната и успешна актерска и режисерска работа на Грозданов, кој годинава одбележува 60 години успешна работа во драмскиот аматеризам и 50 години професионална актерска игра.

Вечер на последниот ден од фестивалот ќе бидат соопштени наградите за најуспешна претстава во целина, режисер, машка и женска улога.

Во чест на наградените вечерва ќе се одржи ликовен перформанс на Сергеј Андреевски и музички хепенинг под наслов „Ние(запирка другарите)“.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена