Изложба на фотографии од објекти, отворени денови, посети на културно историски споменици и монографија се дел од програмата на националната установа Конзеваторски Центар Гостивар која ќе почне од се реализира идната недела.
На прес конференцијата во установата, беа најавени низа активности, кои како што беше речено, ќе ја опфатат работата во изминативе четири години.
– Центарот од самото формирање има реализирано серија проекти кои биле од суштинско значење за зачувување на културното наследство на Гостивар. За да се направи резиме, ќе ја преставиме нашата работа со најновиот проект „Популаризција и афирмација на културното наследство”, рече Лидија Новаковска од Конзеваторскиот ценатр Гостивар на прес конференцијата.
Најзначен дел од овој проект е издавањето на монографијата „Културното наследство во градот Гостивар” во која на четири јазици, фотографии, низ архитектонски и историски описи се опфатени повеќе објекти.
Промоцијата на монографијата е закажана за 16 декември во 19 часот, а ќе биде отворена и постојана изложба на фотографии на објекети кои се регистрирани како културно наследство.
Од центарот најавуваат и отворени денови од 17 до 19 декември, при што граѓаните ќе можат одблизу да се запознаат со работењето на установата.
Во рамки на проектот, за посетителите ќе биде отворена и Саат кулата, симболот на градот, при што ќе може да се разгледа и нејзината внатрешност и посети на Беговата куќа и старото медересе.
Националната установа Конзеваторски центар Гостивар, со одлука на Владата е формиран во 2008, а со работа почна во 2010 година. Оттогаш вработените имаат реазлизрано триесетина проекти во насока на конзервација, реставрација и евидентирање на културно-исторското наследство.