„Понекогаш доаѓа среќа“, нов роман на Винка Саздова

Од:

Во издание на „Три“ излезе најновиот роман на македонската авторка Винка Саздова, „Понекогаш доаѓа среќа“. Книгата од денеска, од 12 часот ќе биде достапна за читателите во книжарницата „Три“ во ГТЦ по промотивна цена, а првите педесет читатели ќе добијат примерок со посвета од авторката. Официјалната промоција на книгата е закажана вечерва, во 19 часот во кафулето „Ди Рома“ во Скопје.

ponekogas-doaga-sreka

„Понекогаш доаѓа среќа“ е приказна за младата Гора која ќе се впушти во љубовна врска со зрелиот човек Давид. Гора е заплеткана во необични сестрински односи со Ведра, а Давид по разводот од неговата сопруга, опсесивно се врзува за своето синче. Насловот на книгата навестува среќен крај, но до него треба да се стаса низ многу пречки, болни и интимни соочувања и преиспитувања и низ созревање на ликовите.

– Со веќе препознатливото мајсторство на раслојување и преплетување на нарацијата, односно наративните нишки, авторот слично на мудрата Аријадна ни го подава в раце само крајчето од багрениот (т.е. пурпурниот, крвавиот, егзистенцијалниот, саможртвениот) конец на приказната, кој ќе ни биде единствениот патеводител низ лавиринтот (или пустината) на една вртоглаво драматична себезагубеност, пишува отец Методиј Златанов.

Ова е трет роман на Саздова, која досега ги објави „Последниот чај“ и „Полиња со диви нарциси“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска