„Полноќни огномети“ – новогодишен гала-концерт на Македонската филхармонија

Од:

Македонската филхармонија со огромно задоволство го најавува Новогодишниот гала-концерт под наслов „Полноќни огномети“, кој ќе се одржи на 28 декември (четврток) во голамата сала на Македонската филхармонија во 20 часот. По неколку години пауза, Македонската филхармонија конечно го враќа овој музички настан кој прерасна во традиционален и кој е привлечен и за пошироката пубика, за музичките сладокусци, но и за оние што професионално се занимаваат со оваа уметност.

Новогодишниот гала-концерт овој пат ќе понуди поинаква програма од вообичаената. Покрај танците, полките, маршевите од семејството на австрискиот композитор Јохан Штраус, публиката ќе слушне и дела од латино-американската музичка култура на автори како Пјацола и неговото „Адиос Нонино“, Монкајо со „Хуапанго“, Маркез со „Данцон бр.2“, Бизе со Арија наЕскамијо од операта „Кармен“, Пучини со aрија на Музета од операта „Боеми“, Гуно со aрија на Јулија од операта „Ромео и Јулија“, Лара со „Гранада“ итн. Се разбира, неизбежни се валцерите„Пролетни звуци“,„Виенски бонбони“,„Виенска крв“,„На убавиот син Дунав“, или„Џокеј полка“, „Египетски марш“…

Концертот ќе го диригира славниот маестро Јерухам Шаровски од Израел, а како солисти ќе настапат македонските истакнати вокални уметници кои кариерата ја градат надвор од земјата – Милена Арсовска, сопран и Иван Наумовски, бас-баритон.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска