Поетската книга „Политички коректна поезија“ од Елена Пренџова ќе биде промовирана денеска во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“.
За најновото дело на младата поетеса што го објави „Матица македонска“ ќе зборуваат Трајче Кацаров и Марина Мијаковска.
Елена Пренџова (1985) е автор на стихозбирките „Живот под ѕвездите“, „Пораки од морето“, „Таа“ и „Јас“ како и на „Антологијата на младата македонска авангардна поезија“. Нејзини песни се застапени во панорамски и антологиски избори на современата македонска поезија, објавени во Македонија и во странство. Во 2012 година таа ја доби наградата „Најдобар поет“ на првите регионални средби во Брчко, Босна и Херцеговина.