Политичката сатира „Нема да платам“ премиерно во НУ Театар Комедија

Од:

НУ Театар Комедија Скопје ќе ја заокружи годината со премиерата „Нема да платам“ од Дарио Фо во режија на Александра Кардалевска.

Сценографијата ја направи Зоран Ѓурески, а костимографијата е на Маја Ѓуреска и Антонија Гунинска Јорданоска. Изборот на музика го изврши Александар Јорданов,а драматург е Дарко Јан Спасов.

Во последната премиера за годинава на НУ Театар Комедија Скопје играат: Атанас Атансовски, Валентин Костадиновски-Тино, Зорица Нушева, Жаклина Петровска и Александар Михајловски.

Политичката сатира „Нема да платам”, на добитникот на Нобеловата награда за литература,италијанскиот драмски писател, сценарист, режисер, актер и борец за човекови права и еднаквост Дарио Фо, ги пресликува реакциите на потрошувачите против зголемување на цените и е провокативна реакција против злоупотребите и неправдата на општеството.

Претпремиерата е закажана на 26.12 среда, премиерата на 27.12 четврток, а репризата е на 22.01.2019. Со оваа премиера НУ Театар Комедија ја реализира во целост програмата за работа за 2018 година.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“