„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски најчитано е-дело

Од:

Романот „Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски е најчитано дело од македонски автор на е-библиотеката во земјава, востановена од Фондацијата „Македоника“.

Во периодот од минатогодишниот саем на книгата во Скопје, до годинашното издание на оваа манифестација, според показателите на Фондацијата „Македоника“, романот на Веле Смилевски има 8.900 читатели. Од современите македонски писатели во категоријата на белетристички дела на е-библиотеката на „Македоника“ меѓу најчитаните се и книгите на Дејан Дуковски, Луан Старова, Joван Стрезовски, Матеја Матевски и Александар Прокопиев.

Фондацијата „Македоника“ на престојниот Саем на книгата во Скопје на пригодна свеченост на писателот Веле Смилевски ќе му предаде Плакета за најчитан автор меѓу два саема.

Романот „Полицајка в кревет“ Веле Смилевски го објави во 2012 година и до сега доживеа три печатени изданија. Минатата година романот беше промовиран и на е-библиотеката „Македоника“, каде може бесплатно да се чита www.makedonika.mk/ShareBook.aspx?id=1091

Деновиве Веле Смилевски го објави и романот „Дневникот на полицајката“ кој, според издавачот „Дијалог“, е втор дел од трилогијата „Полицајка в кревет“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска