„Покрај езерото“ – нов роман на Благоја Иванов

Од:

Во издание на „Везилка 2011“ излезе од печат романот „Покрај езерото“, најново дело на писателот Благоја Иванов.

– Станува збор за роман сиот нурнат во нашата стварност, во кој детално се скенирани сите бранувања во животот на главниот јунак, но и оние, со посилен налет – бранувања во општеството и времето кое го живееме. Всушност станува збор за болно соочување со тревожноста на стварноста во која се испревртени сите вредности, во која се растура, распаѓа животот, соопшти издавачот.

Ристо Лазаров во поговорот наведува дека романот на Иванов ги допира сите прашања на живејачката, ги открива најсуштествените пластови на една временска отсечка од речиси седумдесет години.

BLAGOJA_korica

– Почнува меко, речиси нежно, за да се распламти во сета жестина. Би се рекло: какво време – таков роман. Роман кој сите прашања, сосе мудрите песни на Конески, ги остава во туѓина. Роман кој не предуп- редува дека смртта не била само точка, дека зад не остануваат и ајле големи прашалници, пишува Лазаров во поговорот на книгата.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска