Поезијата на Маџиров во германска поставка на операта „Орфеј и Евридика“

Од:

Поезијата на македонскиот поет Никола Маџиров беше составен дел од современата германска поставка на операта „Орфеј и Евридика“ од Кристоф Вилибалд Глук, а во режија на Андреас Видерман.

Режисерот Видерман премирно ја постави операта во Минхен на 2 септември и ги искористи стиховите на Маџиров „Кога некој заминува, сè што е создадено се враќа“, како песна за Евридика.

Германскиот критичар Михаел Шајнер ја опишува поезијата на Маџиров во операта како меланхолична и мека како пердув, поставувајќи ги егзистенцијалните прашања на духовно ниво.

Инаку, токму оваа песна на Маџиров британскиот „Гардијан“ ја вклучи меѓу најдобрите 50 светски љубовни песни напишани во последните 50 години.

Андреас Видерман важи за еден од најпрогресивните оперски режисери во Германија, а во 2013 година од германските медиуми беше прогласен за „Ѕвезда меѓу режисерите“.

Операта „Орфеј и Евридика“, според програмата, ќе се прикажува и на 3, 4 и 6 септември.

Досега поезијата на Маџиров во џез ја има претворено американскиот композитор Оливер Лејк, соработник на Бјорк и Лу Рид, а во класично дело италијанскиот современ композитор Анџело Инглезе.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи