Поезија од Стефан Марковски објавена на кинески јазик

Од:

Поетски избор од Стефан Марковски е вклучен во јунскиот број од книжевното списание Chinese Language monthly, кое излегува еднаш месечно од 1952 година, вброено меѓу најзначајните и списанија со најдолга традиција во Тајван.

Преводот на 10 песни од англиски на кинески јазик го направи Тземин Итион Тсаи (1957), професор на Универзитетот на Азија во Тајван (Кина), поет, преведувач и редовен автор во списанието.

Поезијата на Марковски насловена „По трагата на белиот грифон“ (繼白色格里芬之後) е дел од рубриката „Избрани дела од современи меѓународни поети“ каде досега во превод на Тсаи биле преведени и објавени 30-на светски поети.

Во изборот се интегрирани песни од последните две стихозбирки на Марковски, „По трагата на белиот грифон“ и „Хипербог“, вклучени и во македонско-англискиот избор Ветена Земја – Promised Land.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот