Поезија од македонски автрои објавена во романсо списание

Од:

Во најновиот број на романското списание за култура „Хелис“, кое излегува во печатена и електронска верзија, а го уредува угледниот писател Георге Добре, деновиве се објавени одбрани песни од македонските поети Петко Шипинкаровски, Тоде Илиевски, Марина Мијаковска, Васил Тоциновски, Виолета Танчева Златева, Ленче Милошевска, Весна Ацевска и Братислав Ташковски.

Автор на препевот од македонски на романски јазик е македонскиот писател Димо Н. Димчев.

„Хелис“ објавува десет броја годишно, а досега повеќепати има објавено македонска поезија.

Ревијата „Бранувања“ за најновиот број подготвува избор од повеќе романски поети, што ќе придонесе за подобро запознавање на нашата културна јавност со тековите во современата романска поезија и позитивно ќе влијае за продлабочување на соработката меѓу писателите од двете земји.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска