Поезија од Маџиров и Етернијан во европска антологија

Од:

Избрани песни од македонските поети Никола Маџиров и Јовица Тасевски-Етернијан се објавени во антологијата на европската литература „Вавилонска матрица“.

Таа е повеќејазичен проект што го реализира издавачката куќа „Типотекс“ од Будимпешта, во соработка со Европскиот совет на асоцијации на книжевните преведувачи, неколку европски универзитети, институти и други партнерски организации.

Антологијата содржи дела од најзначајни европски писатели, преведени на 27  јазици. Во неа паралелно се објавени оригиналните текстови од нашите автори на македонски јазик и препевите на нивната поезија на повеќе јазици. Маџиров е застапен со песни од книгите „Преместен камен“ и „Заклучени во градот“, а од Етернијан песни од поетскиот избор „Синтакса на светлината“ и од новата поетска книга „Исход“.

Објавувањето на антологијата  „Вавилонска матрица“  е поддржано од Европската унија, меѓународниот Вишеградски фонд со седиште во Братислава и од националната фондација за книги и превод на Унгарија.

Проектот ја има добиено наградата „Европски жиг за извонредни достигнувања“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска