Одбрани песни од Петко Шипинкаровски и Тоде Илиевски деновиве беа претставени во најновиот број на полското списание за уметност „Нестор“.
Покрај прилозите од културната историја на Полска во списанието е претставена поезија на 12 автори од шест балкански земји.
Автор на препевите е писателката Олга Лалиќ – Кровицка.