„Поезија и толкувања“, нова книга од Веле Смилевски

Од:

Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје, во рамки на програмата на Министерството за култура со проекти од национален интерес, ја објави книгата „Поезија и толкувања“ од Веле Смилевски.

На близу 400 страници книгата донесува избор од поезијата на Смилевски во кој доминантно место има трилогијата „Час по поезија“ („Педесет песни“, „Педесет допевања“ и „Педесет поетски коментари“), како и „Забранета книга“, прогласена за најдобра стихозбирка на јубилејните 50-ти Струшки вечери на поезијата.

Во посебен оддел објавени се толкувачки текстови за поетскиот опус на Смилевски и „Арс поетички прилози“ од авторот, што претставува метатекст создаван паралелно со неговите 14 стихозбирки. На уводните страници е објавен есејот „Новиот истражувачки дух во поезијата“ од Георги Старделов, а потоа следуваат есеи од 25 домашни и странски критичари. Рецензент на книгата е Влада Урошевиќ.

Би можело да ве интересира

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“