Поетско читање во Гостивар: „Проекции под исто небо“

Од:

Љубителите на пишаниот збор од помладата генерација синоќа имаа можност да слушнат поетски творби на десетина млади автори.

Во Центарот за млади и заедницата како гостин на вечерта свои дела прочита и поетеста Љупка Антеска.

Новиот концепт на промовирање на поезијата на млади автори се одвива преку новоформираниот Клуб на млади поети кој функционира во рамки на Советот на млади на општина Гостивар и има мултиетнички концепт. – Клубот има за цел да ги обедини младите кои ја сакаат поезијата, да ги поттикне да творат и да ги споделуваат своите пишани дела, рече Флоранда Мухареми, потпретседател на Советот на млади и иницијатор за основање на клубот.

Ваквите читања под името „Проекции под исто небо ќе се организираат еднаш месечно. Синоќа, со свои стихови се претставија десетина млади творци од Гостивар на македонски, албански и турски јазик.

Поетесата Љупка Антеска од Гостивар, автор на две поетски книги. нагласи дека Гостивар одамна го има положено испитот на соживот и мултикултура, а функционирањето на овој Клуб е само потврда за тоа.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот