Поетско читање и разговор со израелската поетеса и режисерка Дорит Вајсман

Од:

Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст-Струмица“ синоќа организираше поетско читање и разговор со израелската поетеса и режисерка Дорит Вајсман. Таа се претстави со свои песни кои беа кажувани на хебрејски, англиски и македонски јазик.

Дорит Вајсман е поетеса и филмска режисерка од Израел, родена 1950 година во Тел Авив. Има издадено десет поетски збирки, две книги со преводи на поезија од Чарлс Буковски на хебрејски јазик, два романа и уредила две антологии со социјално ангажирана поезија.

Во разговорот за творештвото на Вајсман беше истакното дека во нејзиниот опус најзначајно место заземаат темите за војната, мирот, тагата за изгубените животи на најблиските, феминизмот, правата на жените и други општествени и социјални теми.

Добитничка е на престижната награда „Јехуда Амихај“ за поезија, наградата од Министерството за култура за израелски автори и други интернационални награди. Има режирано три документарни филмови кои се прикажани во кината во Израел, нанационалната телевизија и на неколку интернационални филмски фестивали.

Дорит Вајсман е основач и активен член на „Poetry Place“, место за поезија во центарот на Ерусалим и член на глобалното движење „100 Илјади поети за промена“.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот