Поетскиот караван на ДПМ утре во Крушево

Од:

Во Домот на културата во Крушево утре напладне ќе настапат 30 автори, учесници на манифестацијата Поетски караван на ДПМ, соопшти Друштвото на писателите на Македонија.

Љубителите на литературата во овој град ќе имаат можност да се сретнат со поетите Стојан Тарапуза, Иван Чаповски, Марта Марковска, Кочо Топузоски, Раде Силјан, Делвина Керлуку, Бранко Цветкоски, Никола Јовановски, Весна Ацевска, Зоран Пејковски, Елена Пренџова, Трајче Кацаров, Веле Смилевски, Сеида Бегановиќ, Санде Стојчевски, Весна Мундишевска, Борче Панов, Миле Јовановски Поречанец, Христо Петрески, Петре Димовски, Милица Радевска, Никола Илијовски, Александра Велинова, Василе Димески, Милица Пашовска, Мирјана Стојановска, Паскал Гилевски, Кире Неделковски, Јовица Илиќ и Перо Миленковски.

Годинашниот циклус на Поетскиот караван на ДПМ се одржува во рамки на проектот за дисперзија на културните настани во земјата. Поетите до сега гостуваа во Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип, Тетово, општина Илинден, Македонски Брод, Демир Хисар и Лазарополе, а учествуваа и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.

До крајот на ноември оваа манифестација ќе продолжи во Гевгелија, Куманово, Велес, Кавадарци и Радовиш. Поетскиот караван ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“ што е составен дел на Деновите на Блаже Конески кои секоја година се одржуваат од 17-ти до 19 декември, во чест на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска