Поетски портрет на Славе Ѓорѓо Димоски во „Синтези“

Од:

Македонскиот книжевен гласник „Синтези“ во својот најнов, триесет и петти број, во посебен блок објавува поетски портрет на Славе Ѓорѓо Димоски. Во изборот застапени се 40 песни, како и критички фрагменти од низа проследувачи на творештвото на Димоски, меѓу кои Милан Ѓурчинов, Ефтим Клетников, Веле Смилевски, Венко Андоновски, Тодор Чаловски и Бранко Цветкоски.

„Синтези“ донесува и избор од балканското раскажувачко творештво, со предговор на Раде Силјан, како и „Врежанки – меѓу литературата и животот“ од Ристо Лазаров за  Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Радован Павловски, Димитар Солев и Горан Стефановски.

Од странските автори со поетски и прозни прилози се застапени Силвија Плат, Жак Превер,  Габриел Гарсија Маркес и Ајше Пасланмаз.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска