„Поетски портик Д-р Лутви Туркеши“ во Дебар

Од:

Во просторите на Центарот за култура во Дебар се одржа тринаесетото издание на поетската манифстацја „Поетски портик Д-р Љутви Туркеши“.

Традиционалната поетска мнифестација „Поетски портик“ која од пред неколку години го носи името на познатиот дебарски поет, новинар и публицист д-р Љутви Туркеши, се одржува во органзиација на дебарскиот литертурниот клуб „Арт клуб“.

– Оваа поетска манифестација ја оствари својата цел, затоа и постои толку години. Ние поетите живееме за вас како што и вие за нас. Она што ние го твориме е наменето за вас, рече Неби Самарџиу, претседател на „Арт клуб“.

Манифестацијата ја отвори градоначалникот на Дебар Ружди Љата, кој на гостите им поска пријатни мигови во Дебар, град познат по својата гостопримливот.

Љубителите на убаво напишаниот збор имаа можност да ги слушнат творбите на дваесетина поети од Македонија, Албанја и Косово.

Со свои творби се претставија поетите Нехат Сопај, Калош Челику, Арбереша Туркеши, Рудина Батку, Нури Колеци, Ирфан Уштеленца, Флора Бровина, Мустафа Спахиу и други.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот