Поетски караван на ДПМ во Штип во чест на Ацо Шопов

Од:

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија со 25 истакнати поети од сите генерации денеска ќе го чествува делото на поетот и револуционер Ацо Шопов во неговиот роден град Штип.

Настанот ќе почне напладне во Центарот за култура „Ацо Шопов“ каде што ќе настапат поетите: Михаил Ренџов, Гордана Михаилова-Бошнакоска, Благој Самоников, Кристина Николовска, Ресул Шабани, Трајче Кацаров, Јулијана Величковска, Јордан Ѓорчев, Делвина Керлуку, Борче Панов, Александра Велинова, Санде Стојчевски, Раде Силјан, Кочо Топузоски, Христо Петрески, Славица Дабевска Кировска, Игор Крајчев, Стојан Тарапуза, Бранко Цветкоски, Блаже Китанов, Димитар Пандев, Веле Смилевски и Јовица Илиќ.

Пред поетскиот митинг делегација на ДПМ ќе положи свежо цвеќе пред бистата на Шопов, а потоа учесниците ќе ја посетат Спомен-собата на Ацо Шопов.

Ацо Шопов.jpg

– Со ова поетите на ДПМ ќе ја одбележат 34-годишнината од физичкото заминување на Ацо Шопов, еден од иницијаторите за формирање на македонската писателска асоцијација и еден од нејзините претседатели, информира Друштвото на писателите на Македонија.

Ацо Шопов (20 декември 1923 – 20 април 1982) е претставник на првата генерација повоени македонски поети. Неговата книга „Песни“ (1944) е прва стихозбирка објавена во слободна Македонија. Зад себе остави значаен опус во кој се и врвните поетски остварувања „Небиднина“, „Гледач во пепелта“ и „Дрво на ридот“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска