Поетски читања на македонскиот штанд на Саемот на книгата во Гетеборг

Од:

На јубилејниот 30-ти Саем на книгата во Гетеборг, најголема книжевна манифестација од таков вид во Скандинавија, кој беше отворен вчера и ќе трае до 28 септември, Република Македонија се претставува со богата програма, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

–   Направени се првчни договори за откуп на авторските права за превод на дела на тројца македонски пистали, Влада Урошевиќ, Венко Андоновски и Душко Родев на српски јазик во Нови Сад, изјави Нове Цветаноски од издавачката куќа „Македоника литера“, кој ја предводи македонската делегација на книжевниот саем во Гетеборг.

Денеска во рамки на програмата на македонскиот штанд, зад која стојат „Македоника литера“ и Министерството за култура, ќе се одржи поетско читање на кое, меѓу другите, ќе настапат познатиот шведски поет Кенет Клеметс и македонската поетеса Лидија Димковска.

Голем одѕив се очекува на „Македонско пладне“, в сабота во 12 часот, кое ќе содржи поетска средба, изложување дела од македонски автори преведени на шведски јазик и дела од шведската литература преведени на македонски, промоција на понови изданија, но и на 130 тома македонска книжевност, претставување на најквалитетната и најрепрезентативната понова македонска издавачка продукција, дела од уметничката литература, монографски, научни, историски и културни вредности, како и на културното наследство.

Вчера на штандовите на бројните издавачки куќи и преведувачки центри беше дистрибуиран специјалниот каталог во кој се претставени 20 современи писатели од Македонија. Од нив четворица, Луан Старова, Венко Андоновски, Лидија Димковска и Ивица Челиковиќ, се присутни на Саемот.

Годинава на Саемот на книгата во Гетеборг учествуваат издавачи и писатели од 66 земји, при што од регионот на Југоисточна Европа со свои штандови се претставени Македонија и Романија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска