Поетска вечер „Стихови и вино“ во Гостивар

Од:

 Градската библиотека во Гостивар синоќа организраше поетска вечер на која десетина поети читаа стихови и упатија порака да се сака и негува што повеќе културата на читањето.

Во малата сала на Центарот за култура „АСНОМ“, 16 поети на поетската вечер „Сихови и вино“, која се организраше по повод 14 февруари- Денот на љубовта и виното се претставија во два круга. Освен авторски дела, на вечерта се читаа и стихови од други поетски пера.

Настанот беше искористен и за промоција на најновата акција на градската библиотека во Гостивар за привлекување поголем број читатели. Се работи за семејна членарина која чини 200 денари за позајмување книги од библиотеката до септември.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот