Поетска средба на ДПМ за манастирот „Св. Јован Бигорски”

Од:

Друштвото на писателите на Македонија денеска во библиотеката на манастирот „Св. Јован Бигорски” ќе одржи поетска средба по повод акцијата за донирање книги, покрената по опожарувањето на ова духовно средиште.

На средбата пригодни обраќања ќе имаат претседателот на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија, Веле Смилевски и старешината на манастирот „Св. Јован Бигорски”, архимандрит Партениј, а потоа со стихови ќе настапат десетина поети од различни генерации.

Друштвото на писателите на Македонија ќе подари неколку едиции со книги за обновената библиотека на манастирот „Св. Јован Бигорски”.

Колекцијата на подарените книги ќе биде од областа на книжевната наука и филозофијата, фолклорот, историјата, публицистиката, како и од областа на белетристиката: поетски книги, романи, збирки раскази, драми и критичко-есеистички дела напишани од членовите на ДПМ.

Во акцијата која траеше неколку месеци, писателите од своите библиотеки подаруваа и книги од светската класика, научна и стручна литература.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска