Поетска манифестација „Караманови средби“

Од:

Поетскиот карван на Друштвото на писателите на Македонија денеска продолжува во Радовиш, на традиционалната поетска манифестација „Караманови средби“, која годинава се одржува по 41 пат.

Во знак на чествување на македонскиот поет и револуционер Ацо Караманов,  во Домот на културата во Радовиш вечер во 19 часот ќе настапат  истакнати македонски поети од повеќе генерации. Љубителите на поетскиот збор на оваа средба ќе имаат можност да го проследат настапот на Славе Ѓорѓо Димоски, Раде Силјан, Ресул Шабани, Елена Пренџова, Стојан Тарапуза, Делвина Керлуку, Веле Смилевски, Виолета Танчева Златева, Бранко Цветкоски, Борче Панов, Игор Крајчев,  Трајче Кацаров, Кочо Топузоски, Марина Мијаковска и Христо Петрески.

На отворањето на средбата ќе зборуваат  претседателот на Советот на манифестацијата Караманови средби Борче Панов и претседателот на ДПМ Веле Смилевски. Договорено е средбата да има традиционален карактер и таа секоја година да се одржува во соработка со манифестацијата Караманови  средби.

Караванот на Друштвото на писателите на Македонија  се организира во рамки на проектот  за дисперзија на културните настани во Македонија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска