Поетска книга „Сарајот од наслади“ од Кире Неделковски

Од:

Во рамки на одбележувањето 25 години постоење, издавачката куќа „Матица македонска“ ја објави поетската книга „Сарај од наслади“ од битолскиот автор Кире Неделковски.

Книгата е финансирана од Министерството за култура, содржи 72 песни во осум циклуси и, како што истакна поетот, оваа поезија ја брани убавината и ја слави светлината на духот на ова време.

– Сарајот претставува духовен дневник во кој се опеани многу настани и ликови кои беа примарни за мојата инспирација. Особено внимание посветив на корпусот песни за Струга во циклусот „Струшки страсти и наслади“. Водата како симбол и вдахновение е присутна во многу песни, а се издвојуваат „Поети покрај реката“, „Реката Дрим“, „Струшки залив“ и други песни. Слободно можам да нагласам дека оваа поезија ќе остави длабоки траги во нашата објавена продукција за оваа година, но ќе се памети и понатаму поради својот суптилен поетски глас, посочи Неделковски.

Кире Неделковски има објавено 15 стихозбирки и четири избори со своја поезија. Застапуван е во повеќе избори и антологии. Често објавува во нашата периодика, но и во странство.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска