Во издание на издавачкаа куќа “Аб – Арт “ во Печуј, Унгарија излезе од печат поетската книга “Огледало на вековите” од современиот македонски поет Раде Силјан.
Изборот и препевот на унгарски јазик ги направи познатиот унгарски поет Атила Балаж.
Раде Силјан е автор на тринаесет стихозбирки, на девет книги од областа на критиката и есеистиката и на десет антологии од македонската драма, расказ, поезија и критика. Приредил дваесетина повеќетомни избори од творештвото на истакнати македонски писатели, како и јубилејни изданија на значајни дела од нашето книжевно наследство.
Добитник е на книжевни награди и признанија во Република Македонија и во странсво, а негови дела се објавени на англиски, албански, бугарски, бошњачки, грчки, романски, чешки, полски, италијански, романски, руски, унгарски, српски, влашки и турски јазик.