Издавачката куќа „Гринта” од Клуж, Романија, ја објави поетската книга „Огледало на вековите” од поетот и литературен критичар Раде Силјан.
Стиховите на романски јазик ги препеа познатиот писател и универзитетски професор Јон Деаконеску, во соработка со Дина Кувата. Приредувачот во предговорот опширно пишува за спецификите на поетското писмо на нашиот автор.
Во изминатите две децении избори од поезијата на Раде Силјан се објавени на 15-ина јазици. Силјан е добитник е на домашни и меѓународни книжевни признанија, а во 2011 година во Крајова (Романија) ја доби меѓународната награда „Михај Еминеску”.