Поетска книга од Душко Новаковиќ објавена на македонски јазик

Од:

Издавачот „Везилка 2011“ на македонски јазик ја објави стихозбирката  „Капитулација“ на современиот српски поет Душко Новаковиќ, кој е роден во Македонија. Книгата содржи 50 песни, а автор на препевот е Ристо Лазаров.

Во поговорот за книгата Лазаров ја нарекува будна поезија.

– Таа е сета вдадена во животот, а и самиот поет излегува од животот – храбро, витешки да се судри со него и со сета негова исчашеност, да му излезе на мегдан на злото. Ништо не премолчува, никого не поштедува, остава уверливо сведоштво, неизбришливи траги во времето. Се гледа и чувствува – како најчувствителен сензор и сеизмограф, како човек со илјада очи: и љубовта и нежноста, и доброто и злото, особено злото и социјалните урнисувања. За Новаковиќ со право се вели дека ги има во едно и Енцесбергер и Херберт, пишува Лазаров во кусиот поговор за збирката песни на Душан Новаковиќ.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска