Поетот Славе Ѓорѓо Димоски објави книга со хаику поезија

Од:

Во издание на „ПНВ публикации“ од Скопје објавена е најновото дело на поетот Славе Ѓорѓо Димоски, со наслов „Хаику на разгледници“.

Станува збор за нова поетска форма на изразување на Димоски, за која самиот автор вели дека,  произлегува од „моментните фаќања“ на ситуации и слики од неговите патувања по светот.

Во самата книга песните се запишувани на разгледници, а делото опфаќа 33 хаику-песни, распоредени во циклуси и тоа „Израел“, „Турција“ и „Париз“.

Изданието е двојазично, на македонски и на француски јазик, а книгата ќе биде промовирана во рамки на Саемот на книгата што се одржува во Скопје. 

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска