Поетот Маџиров на поетски фестивал во Ирска

Од:

Македонскиот поет Никола Маџиров утре ќе настапи на 30. меѓународен Курт фестивал за литература во Галвеј, Ирска.

Меѓу учесниците на фестивалот се и авторот на „Треинспотинг”, Ирвин Велш од Шкотска, како и двајца добитници на Пулицеровата награда, Кеј Рајан од САД и Ирецот Пол Малдун.

Маџиров е единствениот учесник од Централна и Источна Европа, а поканет е по добрите критики на неговата книга во превод на келтски јазик „Тивка преселба на душите” објавена во Ирска и „Остаток од друг век” објавена од реномираната издавачка куќа за поезија во Велика Британија „Бладекс Букс”.

Стихови од песната „Дом” на Маџиров ќе бидат испишани како графити по ѕидовите од ирскиот град Галвеј.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска