Поетесата Мерсиха Исмајлоска ја доби наградата „Книжевна далга“

Од:

Поетесата и литературен критичар Мерсиха Исмајлоска ја доби наградата „Книжевна далга“  во рамките на првото издание на меѓународната книжевна манифестација  „Струшки книжевни средби“ што заврши денеска во Струга.

Како што подвлече поетот Христо Петрески од стручната жири комисија,  оваа награда и се  доделува на младата поетеса за нејзиното есеистичко и критичко творештво.

– Доделувањето на оваа награда на Мерсиха Исмајлоска за нејзиното творештво е едно големо признание кое таа го заслужи. Не само затоа тоа што е млад, талентиран и мошне надарен поет и прозаист, туку пред се, таа е критичар и есеист. Оваа награда ја добива за нејзиниот придонес во афирмацијата на македонската литература и заради тоа што е автор кој подеднакво се занимава и со останатите видови уметности, истакна Петрески.

Наградената авторка Исмајлоска рече дека за неа е чест и задоволство што ја добиваа оваа голема и меѓународна награда и најави оти и во иднина нејзиниот ангажман на полето на литературата ќе продолжи со засилено темпо, во интерес, како што додаде, на афирмацијата на македонската литература и книжевност.

Првото издание на манифестацијата „Струшки книжевни средби“ што го организираа Здружението „Бран“ од Струга и списанието „Бранувања“  на едно место ги собра поетите од Србија, Албанија, Бугарија и Македонија. Во нејзините рамки се одржа симпозиум  на тема „Книжевна пловидба“, годинава посветен на творештвото на писателите од Струшкиот и Охридскиот регион,  Јован Стрезовски, Видое Видичевски, Димитрие Дурацовски, Ресул Шабани, Милутин Бебекоски, Славе Ѓорѓо Димоски и Ивица Џепаровски.

По повод две децении од смртта на Блаже Конески беше организиран и поетскиот митинг „Книжевни бранови“, а во Охрид беше промовирана книгата „Наследниците од Херакле“ од бугарската авторка Вања Ангелова, во издание на здружението „Бран“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска