Поемата „Кирил 1830 – Кирил 2001“ лауреат на наградата „Григор Прличев“ за 2015

Од:

Поемата „Кирил 1830 – Кирил 2001“ на авторот под шифра „Кирил“ е лауреатот на наградата за најдобра поетска творба „Григор Прличев“ за 2015 година, што НУ „Центар за култура Григор Прличев“ од Охрид ја доделува во знак на сеќавање на ликот и делото на познатиот охридски поет и преродбеник.

На објавениот конкурс биле пријавени 12 трудови што според стручното жири претставува слаб одѕив, уште повеќе што дел од пристигнатите ракописи не ги исполните очекуваните литературни и уметнички стандарди предвидени за најдобра македонска поема во една календарска година.

Според соопштението од жирито предводено од Бранко Цветкоски, во потесна трка за наградата покрај наградениот ракопис била уште и авторската творба „Ветровите од запад“ под шифра „Носталгија“, со заедничка оценка дека двете дела со извесни осцилации задоволуваат одредено ниво на поетска посветеност и ерудираност во откривањето на можностите на јазикот и на поетиката на жанрот.

Наградата „Григор Прличев“ традиционално се доделува во рамки на „Прличевите беседи“, манифестацијата востановена пред речиси шест децении. Прличев пред век и половина беше овенчан со Ловоров венец во Атина за неговата поема „Сердарот“. „Прличевите беседи“ се одржуваат во организација на Центарот за култура и библиотеката во Охрид што го носат неговото име, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска