Почнуваат 18. Есенски музички свечености

Од:

Осумнаесеттите Есенски музички свечености вечер од 20 часот ќе бидат отворени со реприза на гала-оперскиот концерт и претставата „Кавалерија рустикана“ со кои Операта ја почна новата сезона и го одбележа 70-тиот роденден.

Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, која ја организира манифестацијата, најави 13 концерти до затворањето на 30 ноември, богата програма и странски изведувачи од Словачка, Унгарија, Турција, Словенија, Србија, Шведска, Холандија и Русија.

Класичната музика останува основниот концепт на Есенските музички свечености, но фестивалот ќе понуди и џез и фолклорни концерти. Ќе има соло-рецитали и концерти на професионални ансамбли и институции, меѓу кои е и настапот на Ансамблот „Танец“ кој е редовно на овој фестивал.

Од гостинските концерти организаторите ги издвоија настапот на познатата џез-музичарка од Турција Елиф Чаглар и нејзиниот квартет и Женскиот младински хор „Јубилате“ од Унгарија со концерт по повод 50 години од смртта на композиторот Золтан Кодај.

И годинава ќе се афирмира македонското музичко творештво со јубилеен концерт – овојпат за 90 години од раѓањето и 10 години од смртта на проф. Драгослав Ортаков.

Манифестацијата ќе заврши на 30 ноември со концерт „Поема екстаза“ на Македонската филхармонија со која Дирекцијата по неколку години ја обновува соработката.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска