Почнува третиот Интернационален литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан

Од:

Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворен третиот Интернационален литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан со претставување на писателите Полона Главан од Словенија,  Ахмет Умит од Турција, Димитар Башевски од Македонија, Бен Блуши од Албанија, Алида Бремер од Хрватска и Вида Огњеновиќ од Србија, која е добитник на наградата „Прозарт” што фестивалот ја доделува на истакнат автор од Балканот за авторски придонес кон развојот на балканската книжевност.

За Димитар Башевски ќе говори селекторот на македонскиот писател, проф. д-р Венко Андоновски, за писателите од странство ќе говорат уметничкиот директор на фестивалот, проф. д-р Александар Прокопиев, и членовите на уметничкиот совет проф. д-р Елизабета Шелева и проф. д-р Ермис Лафазановски.

Од утре ќе почне вториот литературен пазар во Македонија, каде што десетина издавачи од Македонија ќе им претстават повеќе од триесетина наши писатели на членовите на втората Скопје фелоушип програма. Меѓу нив е претставник од најголемата издавачка куќа на светот, Урсула Бергентал, главен и одговорен уредник во „бтб Рандом Хаус“.

Во Македонија ќе дојде и Силвија Брунели од италијанската литературна агенција НАБУ, агентка која соработувала со тројца нобеловци и многу други познати имиња од светот на литературата. Годинава гостин е и Нермин Молаоглу, сопственик на литературната агенција „Калем“ од Турција, како и Мехмет Дермиташ, директор на литературниот фестивал „Танпинар“, најпознат во Турција.

Организатор на интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан е издавачката куќа „Икона“.

Во одборот за доделување на наградата „Прозарт“ за истакнат автор од Балканот за авторски придонес кон развојот на балканската книжевност се: првиот лауреат на наградата „Прозарт“, српскиот писател Владислав Бајац, уметничкиот директор проф. д-р Александар Прокопиев, членовите на Уметничкиот совет на фестивалот проф. д-р Елизабета Шелева и проф. д-р Ермис Лафазановски, и директорот на фестивалот Дејан Трајкоски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска