Почнува снимањето на филмот „Татко“

Од:

Во Приштина денеска ќе биде снимена првата клапа на играниот филм „Татко“, режисерско деби на Висар Морина, кој е и автор на сценариото.

Филмот е германско-косовско-македонска копродукција. Одговорни за реализација на филмот се „Нико филм“ од Германија, „Круша продуксиони“ од Косово и „Скопје Филм Студио“ од Македонија за што е добиена финансиска поддршка од националните филмски фондови.

Една од улогите во филмот ќе ја толкува македонскиот актер Џевдет Јашари, а во екипата ќе бидат вклучени и авторот на шминка Мартин Павловски и дизајнерот на звук Игор Поповски.
Филмот ќе се снима на повеќе локации во Косово, Македонија и Германија. Во Македонија снимањето ќе се одвива во Охрид во првата половина на јули.

Филмот преку ликот на десетгодишното момче Нори, кое е приморано прерано да созрее, дава еден поинаков приказ на Косово во деведесеттите години од минатиот век. По прераната смрт на неговата мајка, Нори не може да прифати да биде напуштен и од својот татко Гзим.

Нориевата детска истрајност покажува екстремна длабочина, што ја издигнува над приказната на еден бегалец или политичкиот контекст на Косово.

Режисерот Морина по потекло е од Косово, а веќе подолго време живее и работи во Германија.

Би можело да ве интересира

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“