Почнува првиот Зимски поетски фестивал на Струшките вечери на поезијата

Од:

Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворен првиот Зимски поетски фестивал на Струшките вечери на поезијата.

Фестивалот ќе трае до 11 декември, а во фокусот ќе бидат четворица врвни поети од земјава и странство. Тие ќе имаат можност преку предавања да го претстават своето творештво и да направат автопоетички осврт, да ги кажат своите ставови за творештвото, поезијата…

Учесници на новиот Зимски поетски фестивал се Мохамед Бенис од Мароко, Александар Шурбанов од Бугарија, Душко Новаковиќ од Србија и Виолета Танчева-Златева од Македонија.

ЧЕТВОРИЦА

Во рамки на програмата утре свое претставување ќе има мароканскиот поет Бенис, кој најпрво ќе одржи предавање на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а вечерта ќе има поетски портрет и читање поезија. Следниот ден е посветен на поезијата на бугарскиот поет Шурбанов, петокот ќе биде резервиран за српскиот поет и преведувач Новаковиќ, додека последниот фестивалски ден е резервиран за добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2015 година Танчева – Златева.

Учесниците на фестивалот ќе бидат објавени во едицијата „Плејади“ чие творештво ќе стигне до читателската публика.

Од СВП најавуваат дека идната година Зимскиот фестивал ќе се одржува и на универзитетите во Битола, Штип, Охрид и Тетово каде ќе се организираат дел од активностите.

Би можело да ве интересира

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“