Почнува Прилепско културно лето

Од:

Со изложба на слики од Павле Кузманоски во галеријата на ЦК „Марко Цепенков“, денеска почнува традиционалната манифестација Прилепско културно лето.

Во рамки на културното лето кое ќе трае до 4 септември, предвидени се 30 настани – концерти, изложби, промоции на книги, настапи на фолклорни друштва од земјата и странство,… Ќе се одржи и ликовната колонија Дрен (од 3 до 20 јули),  манифестацијата Балкански фолклор, а ќе биде промовирано и списанието „Стремеж“.

Кузманоски, уметник од Тетово, ќе се претстави со 23 дела од циклусите Пријатели, Традиција, Искуство, Сведоци и Автопортрети. Со оваа изложба ЦК „Марко Цепенков“.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање