Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворено второто издание на интернационалниот саем на современа уметност „Паратисима Скопје“.
Ќе се претстават преку сто автори од локалната и интернационалната уметничка сцена, вклучувајќи ги и Јужна Кореа, Америка, Иран, Италија, Грција, Црна Гора, Србија, Русија, Австрија, Норвешка, Данска,…
На отворањето, покрај главната изложба, ќе бидат изведени три авторски перформанси и два концерта меѓу кој е и настапот на еден од основачите на The Bad Seeds на култниот Nick Cave.
За време на викендот „Паратисима Скопје“ ќе биде отворена за јавноста од 10 до 22 часот и ќе понуди богата програма која покрај изложбениот дел вклучува и концерти, работилници, перформанси, видео проекции, поетски читања и бројни други мултимедијални содржини.
Влезот е бесплатен.