Почнува „МакеДокс“, 70 филмови до 23 август

Од:

Деветтиот Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ вечер во Куршумли ан ќе почне со краткиот копродукциски филм „Вај-фај плаза Куба“ на режисерот Адријан Келтенбор, и долгометражниот документарец за мачките во Истанбул – „Кеди“ на Сејда Торун. По проекциите ќе следува концерт на групата „Џими Барка Експириенс“.

Според организаторите, фестивалот ќе биде пресек на најновото и најкреативното во документарната кинематографија. До 23 август под мотото „Реалноста режира, ние правиме филмови“ ќе бидат прикажани 70 филмови и ќе има исто толку гости.

Ќе бидат доделени и фестивалските награди; „Кромид“ – за најдобар филм во Главната програма; „Млад кромид“ за филм од програмата Нови автори; „Сечкан кромид“ за најдобар во програмата Кратки документарци и „Кокарче“ – во Студентската програма. Сите влегуваат во конкуренција за Наградата за филм со најдобри етички идеи.

– Годинава ќе имаме филмови од многу земји и ќе имаме гости од Индија до Исланд. Додадовме еден ден плус и фестивалот ќе трае осум дена, рече Петра Селишкар, селекторка на Главната програма на „МакеДокс“ на прес-конференцијата на која беше соопштена фестивалската програма.

Програмата „Земја во фокус“ годинава е посветена на Полска што, според организаторите, се должи на тоа што во последната деценија полскиот документарен филм значително се издвојува во однос на останатите светски кинематографии. Во 2017 година во Полска се продуцирани 40-ина документарци, некои од нив и добитници на престижни награди и прикажани на познати фестивали.

Утре ќе бидат прикажани 12 документарци од современата полска филмска продукција под заеднички наслов „Полска во срцето“, а во пресрет на годинашниот „МакеДокс“ во саботата во МСУ се одржа „Полски пикник“ и беа прикажани десет наградени фимови од Филмскиот фестивал во Краков.

Соодветно на мотото на фестивалот, двајца познати режисери на докумернтарни филмови – Војцех Старон од Полска и Пирјо Ханкасало од Финска, за време на 9. „МакеДокс“ ќе одржат две тридневни работилници за улогата на режисерот во документарниот филм. Работилниците ќе се одржат од 10 до 13.30 часот во Музејот на современа уметност – од 17-ти до 19-ти август со режисерката и сценаристка Пирјо, а од 20-ти до 22-ри август – со снимателот и режисер Војцех.

На последниот фестивалски ден, 23 август, во МСУ ќе се одржи и панел-дискусија „Улогата на филмот во деинституционализацијата“.

За време на фестивалот (Куршумли ан од 18-ти до 21 август) првпат во Македонија ќе се одржува работилница за фотографија со мокар колодиумски процес и сите заинтересирани ќе имаат можност да се пријават и да ги научат вештините на тој стар начин на изработка на фотографија на стаклена плоча. На вечерашното отворање на „МакеДокс“ ќе биде поставена ретка изложба на фотографии изработени со колодиумски процес или т.н. мокра плоча – фото-технологија од 19 век.

Покрај во Куршумли ан, „МакеДокс“ ќе се одржува и на платото пред Музејот на Македонија и во Музејот на современа уметност.

Би можело да ве интересира

Oтворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“

Ана Ололовска

Четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот на 13. „МакеДокс“ на 22 август почна со затворена сесија на Балканската мрежа

Ана Ололовска

Отворена изложбата „Спојка“ на почетокот на четвртиот ден на 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска

Отворање на 13. „МакеДокс“ на 18 август во Куршумли-ан

Ана Ололовска

Земја во фокус – Чешка на 13. МакеДокс“

Ана Ололовска

Бесплатна филмска проекција за загревање за 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска