Почнува филмскиот фестивал Берлинале

Од:

Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, 63-тото по ред ќе биде отворен денеска со филмот Вонг Кар-ваи „The Grandmaster“.

На Берлинале во натпреварувачката конкуренција на играни филмови се најдоа 19 остварувања, меѓу кои се и новите филмови на Стивен Содерберг, Гас ван Санта и три филмови во кои ќе се појават француски филмски диви.

Овогодишниот филмски фестивал нуди избор на разновидни филмови, вклучувајќи ги и остварувањата од Казахстан и Иран кои ќе се борат за главната награда – „Златна мечка“ на првиот европски фестивал во годината.

Филмот Ван Санта „Promised Land“ (Ветена земја) во која игра Мет Дејмон и филмот на Содерберг „Side Effects“ во кој играат Џад Лоу и Кетрин Зета-Џонс, се најистакнатите остварувања кои доаѓаат од САД.

Многу значајни филмови доаѓаат и од Источна Европа вклучувајќи ги и остварувањата на оскаровците, босанско-херцеговскиот режисер, Данис Тановиќ „Епизода во животот на берачот на железо“, кој зборува за сиромашното ромско семејство, а тука и и филмот на романскиот режисер, Калина Петра Некер „Child`s Pose“, кој зборува за корупцијата во Романија.

Француските актерки, Жилиет Бинош, Кетрин Денев и Изабел Ипер ќе играат во различни филмови – Бинош во филмот „Camille Claudel 1915“, кој зборува за францускиот скулптор, Денев игра во филмот „On My Way“, а Ипер во филмот „The Nun“.

Од Иран на Берлинале стигнува филмот „Closed Curtain“ кој го режираа режисерот и дисидент, Јафар Панах и неговиот колега, Камбози Партов.

Од Казахстан оваа година на Берлинале ќе се претстави филмот на режисерот, Емир Бегазин „Harmony Lessons“. Во трка за главната награда на Берлинале ќе биде и првенецот на Швеѓанинот Фредрик Бонд, кој во Берлин стигнува со романтичната комедија „The Necessary Death of Charlie Countryman“.

Меѓу другите остварувања на списокот е и германското остварување „Голд“ со Нина Хос, која минатата година доби позитивни критики за улогата во филмот „Барбара“, а тука е и германско-француско-холандско-јужноафриканскиот филм „Layla Fourie“.

Во конкуренција се и филмовите „A Lonf and Happy Life“ (Русија), „Vic+Flo Saw a Bear“ (Канада), „In the Naume of“ на Малгошка Шумовска за полскиот свештеник хомосексуалец, „Prince Avalanche“ (САД), „Глориа“ од чилијанскиот режисер Себастијан Лели и „Paradise: Hope“ од австрискиот режисер, Улрих Сидл, како и јужнокорејскиот филм „Nobody’s Daughter Haewon“.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он