Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечерва ќе почне 49. издание на Драмскиот аматерски фетсивал на Македонија.
Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Грк и весела склероза“ во режија на Перо Даниловски, а во изведба на Аматерскиот театар при Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани, наместо најавената претстава „Џабе се крева џева за Џони“ во режија на Митко Димовски а во изведба на СУСГ„Никола Карев“ од Скопје.
Во вечерниот термин предвиден за претстави од алтернативен карактер ќе биде изведена претставата „Додека го чекавме Годо„ во режија на Орце Павлов, а во изведба на Драмското студио при Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница. Фестивалот завршува на 1 јуни со настап на студентите од Факултетот за драмски уметности од Скопје.