Почнува 66. Филмски фестивал во Кан

Од:

Најзначајниот филмски настан, 66. Филмски фестивал во Кан почнува денеска со адаптацијата на филмот „Големиот Гетсби“ на австралискиот режисер Баз Лахрман со Леонардо ДиКаприо во главната улога, а ќе се затвори на 26 мај со филмот „Зулу“ во режија на Џером Сали.

За наградата на фестивалот Златна палма ќе се натпреваруваат околу 20 филмови. Жирито го предводи американскиот филмски режисер и продуцент Стивен Спилберг, а освен него, членови се индијската актерка Видја Балан, јапонската продуцентка Наоми Кавас, австралиската актерка Никол Кидман, францускиот продуцент и актер Дениел Аутел, британската продуцентка Лин Ремси, како и прудуцентот Енџ Ли и романскиот продуцент и режисер Кристијан Мунгиу, како и австрискиот актер Кристофер Валц.

По црвениот килим на фестивалот ќе прошетаат Мајкл Даглас, Мет Дејмон, Рајан Гослинг, Ема Вотсон, Стивен Спилберг, Никол Кидман, боливудскиот ветеран Амитаб Бахчан и други познати личности.

Зад кулисите, околу 40.000 филмски професионалци ќе се обидат да ги откупат и продадат новите хитови на најважниот филмски пазар на годината.

Покрај филмот „The Great Gatsby“ во конкуренција на долгометражните филмови се филмовите: Un Chateu en Italie (Валерија Бруни Тедески), Inside Llewyn Davis (Итан Коен и Џоел Коен), Michael Kohlhaas (Арно дес Паљирес), Jimmy P. (Арно Дисплечин), Heli (Амат Ескаланте), Le passe (Ашкар Фархади), The Immigrant (Џејмс Греј), Grigris (Махамат Сале Харун), Tian Zhu Ding (Џиа Жангке), Soshite Chichi Ni Nary(Кор Еда Нироказу, La Vie D’Adele (Абдељатиф Качиче), Wara No Tate (Такаши Мик) Jeune en Jolie (Франсис Озон), Nebraska (Александар Пејн), La Venus a la Fourrure (Роман Полански), Behind the Candelabra (Стивен Содерберг), La Grande Bellezza (Паоло Сорентино), Borgman (Алекс Ван Вармердам), Only God Forgives (Николас Вајндинг Рефн).

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ