Почнува 62. издание на Струшките вечери на поезијата

Од:

Со традиционалното садење на дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2023 година – македонскиот поет и писател Влада Урошевиќ, денеска во Струга почнува 62. издание на Струшките вечери на поезијата.

Официјалното отворање на манифестацијата ќе биде вечер со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата „Т`га за југ“ пред платото на Домот на поезијата.

Годинашното мото на Фестивалот е „Чувствотворен јазик“, јазик што создава чувства.

Во рамките на програмата предвидени се меѓународни поетски читања, поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, како и портрети на добитниците на наградите „Браќа Миладиновци“ Димитар Башевски, „Златен венец“ Влада Урошевиќ и „Мосотви на Струга“ Гевин Бредли, изложби во чест на 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, „200 години од раѓањето на Шандор Петефи“…

Фестивалот завршува в недела на манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија, наградите „Златен венец“, „Мосотви на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ на годинашните лауреати Влада Урошевиќ, Гевин Бредли и Димитар Башевски.

Би можело да ве интересира

Жан Пјер Симеон добитник на „Златен венец“, Катрин Пиц на наградата „Мостови на Струга“

Врачени наградите на 62. „Струшки вечери на поезијата“

Павлова Де Одорико добитничка на наградата „Стојан Христов“

Вандализам во Струга: Исчезна бистата на македонскиот поет Славко Јаневски

Охридскиот архив почнува со дигитализација на документацијата на „Струшките вечери на поезијата“

Ана Ололовска

Со поетко читање во „Даутпашиниот амам“ официјално се затворија „Струшките вечери на поезијата“

Горан Наумовски