Почнува 27-то издание на „Поетска ноќ во Велестово“

Од:

Во Охридското село Велестово вечер ќе биде отворено 27-то издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“.

Оваа културна манифестацијата по својата специфика изминатите речиси три децении се избори за епитетот најавтентична поетска манифестација, не само во земјата, туку и пошироко.

–  Нејзината специфичност произлегува од начинот на презентирање на поезијата во необичен простор, надвор од академските простории и структури, туку се враќа во селото – нејзиното извориште, вели Славе Ѓорѓо Димоски, поет и основач на „Поетската ноќ во Велестово“.

Традиционално и годинава ќе биде запазен форматот на презентација на творештво на еден поет и на еден сликар, класици на современата македонска поетска литература и македонската ликовна уметност.

Годинава манифестацијата ќе биде посветена на поетот, прозаистот, критичарот Веле Смилевски, кој е и актуелен претседател на ДПМ. За неговото поетско творештво ќе беседат Санде Стојчевски и Раде Сиљан. Во изложбениот простор на старото училиште во Велестово, пак, со изложба на слики и графики со мотиви од Монголија ќе се престави уметникот и архитект Литов Намдагјанчивин, кој е почесен конзул на Монголија во Македонија.

На вториот ден од манифестациајта, во Велестово ќе биде промовиран зборникот песни „Меѓу две неба, песни за Велестово“ во кој се поместени педесетина песни посветени на Велестово од автори ширум светот.

Во рамките на „Поетската ноќ во Велестово“ изминатите близу триесет години беа претставени творештвата на најпознатите македонски поети, сликари, критичари, меѓу кои Анте Поповски, Гане Тодоровски, Патре М. Андреевски, Матеја Матевски, Богомил Гузел, Радован Павловски, сѐ до претставници од помладата генерација, како Никола Маџиров и Владимир Мартиновски, а од сликарите би ги споменале: Вангел Наумовски, Боро Митриќевски, Сергеј Андреевски, Глигор Чемерски, Владимир Георгиевски, Газанфер Бајрам, Славко Упевче…Од 2008 година манифестацијата прерасна во меѓународна средба на која се претставија и еминентни автори од Европа и светот како Марам ал Масри од Сирија, Дик Робертс од САД, Патрик Котер од Ирска, Роман Кисјов од Бугарија, Одвиг Клив од Норвешка итн.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот